Драстична промена на времето- еве што не очекува

Нестабилно време утрово има во северниот дел од Македонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Со пороен дожд и грмежи е зафатено и скопското подрачје. Локална нестабилност ќе има и во другите делови на земјава.

Во попладневните часови се очекува постепено стабилизирање на временската состојба. Од вторник ќе има постепен пораст на темпетатурата на воздухот и стабилизирање на временската состојба.

Утринава се измерени 10 степени во Лазарополе, 12 во Крушево и Маврово, 13 во Претор, 14 во Дебар и Ѓуриште, 15 во Пожаране, Берово, Кр. Паланка, Охрид, 16 во Прилеп, Скопје и Тополчани, 17 во Куманово и Виница, 18 во Битола, Скопје Петровец, Штип и Тетово, 20 во Д. Капија и Струмица и 22 во Гевгелија.

Најмногу дожд во текот на ноќта и утринава наврнал во Скопје и во Куманово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Во попладневните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Максималната температура во земјава ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје попладне ќе има стабилизирање на времето но ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

 

Loading...